Избор Охрид

Дрвото на карпа во Елешец, повторно почна да расте

Охрид, 9. март 2016 (ОХРОДПРЕС) – Животот повторно ја победи човечката глупост и суровите услови.

Дрвото на карпата во Елешец, препознатлив белег на брегот на Охридското Езеро кое беше уништено од неодговорни поединци пред повеќе од две години, повторно почна да расте од истата карпа.

Во декември 2015 години на социјалните мрежи имаше масовна осуда и гнев поради унишутувањето на ова уникатно дрво, кое беше овековечено низ многу познати фотографии, а беше дел и од многу видео спотови снимени во земјава.

извор: А1он фото: Петар Бавчанџиев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука