Избор Охрид

Денот на Европа 9 Мај годинава во Охрид ќе го организираат државите од Вишеградската група

Охрид, 11. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Планирано е годинешното одбележување на 9 мај – Денот на Европа, да биде во Охрид, а организатори се државите од Вишеградската група.

Ова го потврди амбасадорот на Чешката Република во нашата земја, Мирослав Рамеш и претседателот на Чешка Милош Земан.

Охрид со бројни активности неколку години наназад организирано се вклучува во одбележувањето на Денот на Европа, а годинава во градот ќе биде главната манифестација на национално ниво. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави