Во вторник завршува законската обврска за поседување на зимска опрема во возилата
Охрид, 13. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – За возачите до 15 март важи законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата.
Според новиот закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, зимската опрема е задолжителна „во сообраќај на пат“, што подразбира и во населени места. Оваа законска обврска за поседување зимска опрема во возилата започна на 15-ти ноември минатата година и се однесува за сите моторни превозни средства. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |