Избор Охрид

Малиот Кирил е повторно хоспитализиран, туморот е извазивен

Охрид, 14. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денес стигнале резултатите од биопсијата, за жал, туморот на Кирил е инвазивен и брзо се шири. Повторно е хоспитализиран. Во моментов се во контакт со ФЗО од каде се прави максимум се` да се покрие за понатаму. Доколку има потреба од повеќе, ќе објавиме повторно броеви и ќе помогнеме сите! Кирил, со тебе сме малечко!

Ова вечерва на својот профил на Фејсбук го објави популарната Ina Mnogufina, пренесувајќи ја пораката на Горан, таткото на Кирил.

Малиот јунак Кирил беше опериран ноќта помеѓу 7-ми и 8-ми март од страна на д-р Мемет Озек, кој по операцијата истакна дека е задоволен од постигнатото.

Зад него периодов наназад застана во знак на поддршка целата охридска, но и македонска јавност. Кирил, заедно со неговите родители се бори да ја победи тешката болест, односно туморот на мозокот – Rhabdomyosarcoma, што е редок вид на рак во примарниот мозок.

Во меѓувреме, може да се донира на денарската сметка: Кирил Митрески: 370006305464561 при Еуростандард банка АД Скопје. Активни се и телефонските броеви за донација – 070 143 153 и 075/077 143 462. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука