Македонија

Хелсиншки: Локалните жители им продаваат алкохол на мигрантите

Скопје, 16. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ во неделниот извештај апелира на низа недоследности кои се случуваат во камповите каде се сместени мигрантите во Македонија.

– Проблематичен е недоволниот капацитет за сместување во камповите како и немањето начин мигрантите да потполнат потврда за барање на азил, се додава во неделниот извештај за состојбата на граничните премини Гевгелија и Куманово за периодот 07.03- 13.03.2016 година.

Во извештајот за кампот во Куманово Хелсиншкиот комитет остро реагира на кршење на правото на барање на азил на бегалците. Хелсиншкиот комитет ургира итно и неодложно да се процесираат барања за азил на бегалците кои сакаат да побараат.

Хелсиншкиот комитет апелира да се пронајде решение како организирано да се спроведуваат или придружуваат бегалците од кампот кои сакаат да подигнат парични средства.

– Жителите на околните села им продаваат алкохол на бегалците во кампот, па тие често во алкохолизирана состојба, предизвикуваат тепачки и расправии во кампот. Во неколку случаи, полицијата беше принудена да интервенира во разделување на групи (Авганистанци) кои меѓусебно се расправаа и физички се пресметуваа, додаваат од Хелсиншки. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука