Избор Охрид Партии

СДСМ: 200 вработени во општината, ЈП, училиштата и здравствените установи беа принудени да заминат на контра-протести во Скопје

Охрид, 16. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Масовниот одзив на граѓаните на вчерашниот марш во одбрана на Уставот на Република Македонија уште еднаш ја потврди вербата на граѓаните во борбата за слобода, демократија и европски вредности, реагираат од ОО на СДСМ од Охрид.

– Со организирањето на контра-протести ВМРО-ДПМНЕ го призна изборниот грабеж и призна дека стои зад иницијативата до Уставниот суд. Свесна за целосно изгубената поддршка кај граѓаните, во страв од соочување со одговроноста за изборниот криминал ВМРО-ДПМНЕ во Охрид повторно ја злоупотреби локалната власт и државните институции за партиски цели. Денес рано наутро организирани автобуси со околу 200 луѓе, вработени во општината, јавните претпријатија, училиштата, здравствените установи беа принудени да заминат во Скопје пред Уставниот суд. Дополнително, на сите им било наложено да ја почитуваат партиската наредба и доколку не ја исполнат, им се заканува отказно решение од работното место. За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара, стои во реакцијата од Центарот за комуникации при ОО на СДСМ од Охрид. (Крај)

извор: СДСМ Охрид фото: СДСМ Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави