Македонија

Македонскиот филм “Вања – Со маки сум се родила“ на Стар Док Филм Фестивалот во САД

Лос Анџелес, 17. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен “Вања – Со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на Стар Док Филм Фестивалот што ќе се одржи од 25-ти до 27-ми март во Лос Анџелес.

На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за “најдобар музички документарец“.

Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.

Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука