Избор Охрид

Работилница во Охрид на Академијата за судии и јавни обвинители

Охрид, 17. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Комората на стечајни управници на Република Македонија ќе организира работилница на тема „Разлачно право и постапување со прибелешки во стечајната постапка“, која ќе се одржи на 18 и 19 март, во хотел „Милениум“ во Охрид.

Работилницата е наменета за стечајни судии од основните судови при апелационо подрачје Скопје и судии од одделот за трговски спорови од Апелационен суд Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на работилницата се: План за реорганизација (во претходна постапка, обезбедување на побарувања на доверители во планот/банкарска гаранција и др.), Разлачно право и постапување со прибелешки во стечајната постапка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука