Децата од градинката утре со маски по повод Денот на пролетта
Охрид, 20. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Утре со почеток во 10 часот дечињата од Јавната установа детска градинка „Јасна Ристеска“ под мотото „Да ја дочекаме пролетта“ ќе изведат дефиле под пролетни маски и забава со музичко- ритмички точки на градскиот плоштад.
Забавата ќе биде со хуманитарен карактер во соработка со Црвен Крст од Охрид. Ќе се реализира акција за собирање на парични средства за помош во лекувањето на малиот Кирил. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |