Економија Избор

Поскапување на горивата од полноќ

Охрид, 21. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за 2,5 денари за литар, и новата цена на безоловниот БС 95 ќе изнесува 60,50 денари, додека БС-98 ќе се продава за 62,50.

Од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,43 проценти. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините поскапуваат за 2,5 денари за литар, и новата цена на безоловниот БС 95 ќе изнесува 60,50 денари, додека БС-98 ќе се продава за 62,50.

Дизелот и екстралесното поскапуваат за 1,5 денар. Литар дизел ќе се продава за 45 денари, додека екстралесното ќе чини 33,50 денари.
Нова повисока цена за 1,139 денари добива и мазутот. (Крај)

извор: erc фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука