Свет

Северна Кореја повторно истрела ракети во Јапонско Море

Пјонгјанг, 21. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Северна Кореја истрела неколку ракети со краток дострел, кои паднале во водите на Јапонското Море.

Ракетите биле лансирани од североисточниот дел на Северна Кореја.

Од Генералштабот на Јужнокорејската армија соопштуваат дека состојбата внимателно се состојбата и дека армијата е ставена во состојба на зголемена борбена готовност.

Сеул инцидентот го оценува како уште една провокација како реакција на заедничката воена вежба на Јужна Кореја и САД, која е во тек. (Крај)

извор: AFP фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука