Спорт

Формула 1 го враќа стариот систем на квалификации

Виена, 21. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Првите луѓе на Ф1 тимовите со договориле од наредната трка во Бахреин повторно да се вратат на стариот систем на квалификации, односно на три сесии од по 20 минути.

Новиот формат по кој се возеа квалификациите првата трка оваа сезона во Мелбурн беше лошо прифатен, по што веднаш беше свикан состанок за враќање на стариот начин на одредување на пол позицијата.

На патеката Алберт Парк во третата сесија, возачите останаа во пит стопот, место да излезат на патеката и да се обидат да ги подобрат своите времиња. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука