Економија Избор

Охридска Банка Сосиете Женерал – најдобра банка од Македонија на пазарите во развој во Централна и Источна Европа за 2016 година

Охрид/Скопје, 22. март 2016 (ИНПРЕС) – Охридска Банка Сосиете Женерал е прогласена за најдобра банка од Македонија за 2016 година од светски познатиот магазин Глобал Фајнанс кој на 15 март 2016 по дваесет и трети пат ги именуваше најдобрите банки на пазарите во развој во Централна и Источна Европа.

Уредништвото на Глобал Фајнанс врз основа на резултатите од 2015 година и согледувањата на еминентни аналитичари од областа, како и извршни директори и банкарски консултанти ја избра Охридска Банка Сосиете Женерал, Македонија за најдобра банка на пазарите во развој заедно со уште неколку банки од регионот и во уште 21 земја. Дополнително, Глобал Фајнанс спроведе анкета меѓу своите читатели со цел да ја зголеми точноста и релевантноста на податоците.

Критериумите за избор на победниците вклучуваа раст на актива, профитабилност, стратешко партнерство, корисничка услуга, конкурентност и иновативни производи.

Наградата на Охридска Банка Сосиете Женерал за најдобра банка од Македонија на пазарите во развој во Централна и Источна Европа ќе и биде доделена на свечена церемонија на 8 октомври 2016 година во рамките на годишното собрание на ИМФ / Светска банка (IMF/World Bank) во Вашингтон, САД.

Покрај тоа, од Групацијата Сосиете Женерал наградена во истата категорија е и БРД од Романија, како и неколку подружници во Африка: Алжир, Брегот на слоновата коска, Сенегал и Гвинеа кои се наградени во други категории. (Крај)

извор: А1он фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука