Забава

“Колку може да боли љубовта” – нова песна на Наде Талевска

Скопје, 23. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – “Колку може да боли љубовта” е насловот на новиот сингл на Наде Талевска.

После успесите постигнати со нејзините “Живеам”, “Љубовта е се што ми треба” и “Немам сили”, крунисани со врвните позиции на македонските радио топ листи, Наде повторно се враќа со емотивна балада.

И оваа балада е создадена и реализирана со веќе проверенииот тим со кој Наде работи во последниве години. Музиката, аранжманот и продукцијата ги направи Александар Масевски, а текстот го напиша Билјана Пасхариковска. Акустичната гитара во песната ја отсвире Иле Спасев.

Многу набрзо ќе има и промоција на два видео записи, еден за веќе познатата “Немам сили” и еден за новата “Колку може да боли љубовта”.

Спотовите ќе бидат изработени од страна на Милчо Узунов, 3Д Продукција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: vistina.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука