Економија Избор Охрид

Во 2015 година во Охрид магистрирале 22 лица на ФТУ

Охрид, 23. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Минатата година во Охрид магистрирале вкупно 22 лица, сите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид.

Од вкупниот број на магистри, според полот, 13 биле женски. Додека според старосната граница, 14 лица магистрирале на возраст до 29 години, а останатите над 29.

Лицата кои магистрирале на ФТУ, најмногу одбирале трудови од областа на економските науки, вкупно 12, потоа се оние кои бранеле магистерски труд од науките за угостителство и туризам – 7 и организациски науки и управување – менаџмент – 3 лица.

Минатата година нема регистрирано нови доктори на наука од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука