Избор Охрид

ОСУ„Св.Климент Охридски“ на регионален натпревар во ракомет во Неготино

Охрид, 25. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во организацијa на Сојузот за училишен спорт Охрид се одржа општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта во рамките на календарот за спорт за натпреварувачката 2015/2016 год.

ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид во финалето ја совлада екипата на Спортската академија при ОУТУ „Ванчо Питошески“ со резултат 19:14.

Оваа екипа ќе учествува на регионалниот натпревар во ракомет кој ќе се одржи на 6-ти април во Неготино.

На општинскиот натпревар зедоа учество екипите на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид, ОЕМУЦ„Св.Наум Охридски„ – Охрид, СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид и Спортската академија при ОУТУ„Ванчо Питошески“ – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: gimnazija

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука