Лица од Скопје злоупотребиле средства од хуманитарни организации
Скопје, 27. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – СВР Скопје-Единицата за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Љ.И. (55) и Р.Ш. (46), двајцата од Скопје, поради основи на сомневање дека во временскиот период од 2010 до 2014 година во својство на претседатели на хуманитарна организација во повеќе наврати исплатиле парични средства како донации на правни и физички лица од РМ во вкупен износ од 83.087.820 денари.
Извршен е увид во сметководствената документација на здружението (за периодот 2010/2014), од Централен регисер на РМ е обезбедена тековната состојба, историјатот на промени и историјатот на банкарски сметки на здружението, понатаму извршени се проверки во Генералниот секретаријат на Влада на РМ и Министерството за правда на РМ- Сектор за бесплатна правна помош и политички партии.
Здружението е регистрирано како хуманитарна организација од социјален карактер и согласно Законот за донации и спонзорства може да дава донации на загрозени лица од социјални категории (сираци, бездомници, финансирање на образование на сиромашни деца, за верски празници и сл.), а пријавените во својство на претседатели на Здружението, кои како овластени лица располагале со средствата од жиро сметката (Љ.И. во периодот 2010/2011, а Р.Ш. во периодот 2011/2014 г.), иако знаеле дека Здружението не е регистрирано како правно лице од јавен интерес ниту пак има добиено потврда од Министерството за правда на РМ дека дејноста која ја обавува е од јавен интерес, во повеќе наврати исплатиле парични средства како донации на правни и физички лица од РМ во вкупен износ од 83.087.820 денари, при што средствата на правните лица им се исплаќале преку жиро сметка, а за физичките се правеле списоци за исплата во готово со целосни генералии на лицата и потпишани од истите, а кои списоци немаат број и датум. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |