Избор Охрид

Сојузот на волонтери – Македонија во Охрид ќе организира Меѓународен камп за волонтерство

Охрид, 28. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Сојузот на волонтери – Македонија на своето основачко Собрание, донесе програма за работа, каде голем дел од активностите ќе се случуваат во Охрид во наредниот период.

Младите ќе имаат можност да научат што значи волонтирањето, акциите за добробитот на општеството, да се дружат и едуцираат.

– Во периодот што следи Сојузот ќе изготви план за организирање на Меѓународен камп за волонтерство во Охрид. Исто така, беше одлучено да се спроведат и неколку работилници во Охрид, каде што младите, од основните и средните училишта ќе се едуцираат за значењето на волонтаризмот, изјави за Супер радио Зоран Стевоски од здружението „Брег на младоста“.

Викендов во Скопје се одржа основачко собрание на Сојузот на волонтери – акцијаши на Македонија, на кое коосновачи се здруженијата „Брег на младоста“ – Охрид, „Акцијаши“ – Скопје и „Кумановски акцијаши“ – Куманово. На состанокот во Скопје беа избрани органите на Сојузот, претседателството и членовите на Управниот одбор. Како претставници од Охрид, дел од раководството на Сојузот се избрани Ранко Петрески – Потпретседател, Љупчо Милкоски – член на Надзорен одбор и Ацо Атанасов, член на Управен одбор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука