Свет

Киев, Белград и Софија најризични европски градови за живеење

Киев, 29. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Бугарската престолнина е класифицирана во годишната листа на небезбедни 230 града низ целиот свет, пишува германскиот весник Bild.

Иако поради екстремистичките напади Брисел моментално е прв на листата, истата вклучува уште 17 населени места во Европа, кои се дефинирани како ризични за живеење. Германските градови не се меѓу нив.

Најопасните градови на Стариот континент се Киев, Белград и Софија. Оценката е направена на база критериуми како ниво на криминал, внатрешната стабилност, државната полицијата и правдата, геополитичката безбедносна ситуација и други параметри.

Украинската престолнина е на прво место на листата поради воените дејства, кои се водат во источниот дел на земјата, додека Белград е дефиниран како вториот најопасниот град поради вандализмот и кражбите. Негативата за Софија доаѓа претежно поради немирите и протестите кои ја измачуваат најсиромашната држава во ЕУ.

Главните градови на Романија и Хрватска ја заземаат четвртата и петтата позиција, следени од градовите на балтичките држави. (Крај)

извор: Bild фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука