Свет

Безбедносни претреси во белгиската провинција Западна Фландрија

Брисел, 29. март 2016 (ОХРИДПРЕС) – Обвинителите на белгиската провинција Западна Фландрија вршат претреси во градот Кортрејк во соработка со локалната полиција, соопшти телевизискиот канал RTBF.

Белгиската федерална полиција пријавила “опасност од терористички напад во Кортријк”. Во моментов акциите не довеле до никакви резултати. Мерките за безбедност во градот се засилени поради тековниот голем саем на национално ниво. (Крај)

извор: РИА Новости фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука