февруари 21, 2015

Охрид, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Американскиот дј Џејсон Фалцоне, наредната недела повторно се враќа, како што вели во својот омилен град за пуштање музика, Охрид.

– Наскоро се враќам во Охрид, Македонија. Се подготвувам за добар дј-ски сет, пишува на својот профил на Фејсбук Фалцоне.

На 28-ми февруари Фалцоне ќе има дј-ски сет во кафе барот Ликвид.

Фалцоне е добро познат на охридската публика. Неговиот прв настап во Охрид беше во 2012 година, а оттогаш неколку пати гостувал и тоа во различни сезони, за време на летни фестивали не електронска музика, но и настапи во есенско-зимската сезона.

Џејсон Фалцоне е редовен артист на Зимската музичка конференција во Мајами, Флорида, фестивал, кој секоја година на крајот на март ги собира на едно место илјадници љубители на електронската музика и култура.

Фалцоне има соработка со охридското Супер радио, каде два пати досега се претставил со дј-ски сет во живо.

jasonfalzone

Во предходно интервју за Супер радио има изјавено дека неговиот музички „знак“ и „музички јазик“ е граден со години наназад.

– Преку голем број на различни поджанрови на house музиката, вклучувајќи тука deep house, tech-house, progressive house, underground house. Во основа нешта кои луѓето ги имале или, пак, не ги имале слушнато порано, но внесувам многу енергија. Тоа како да носи и многу светлина во самиот простор каде пуштам музика, која се пренесува и на публиката. Некои пак, сакаат мојот стил да го нарекуваат „dirty house music“. Дј-от треба да се соочува со голем број на луѓе, кои му приоѓаат и бараат од него да пушти некоја трака. Музиката ме радува, изјави за време на гостувањето во Супер радио популарниот дј.

Него го нарекуваат „кум на dirty house музиката“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука