Култура

Нова епизода на „Импровокација“ во сабота

Охрид, 12. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, оваа сабота, 16-ти април, ќе ја прикажува театарската импровизација „Импровокација“.

„Импровокација“ е претстава на актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.

Претставата ќе биде со почеток во 20.00 часот. Билетите се по цена од 150 денари, а на денот на изведбата ќе биде 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука