Македонија

Почина жител од скопско откако врз него се урна оџак

Скопје, 13. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – 53-годишен жител од скопско Студеничани загинал кога врз него се урнал оџак од објект кој го уривале затвореници од КПД Идризово, а кои работеле на демонтирање на стари бараки на бирото за судско вештачење.

Близу скопскиот Јужен булевар веќе починатиот граѓанин чекал градежна работа но наместо да заработи за леб, поминувајќи низ патеката во јавен парк го усмртил кобниот оџак кој паднал врз него. Шокантно за време на работењето на затворениците од Идризово, теренот воопшто не бил обезбеден ниту пак имало било какво обележување за граѓаните да знаат дека се уриваат старите бараки.

Смртта на 53 годишникот добива и скандалозна димензија, бидејќи ниту една институција не одговара како се случило вака на јавно место необезбедено да се изведуваат тешки градежни работи. Од Државниот градежен инспекторат велат дека теренот требало да го обезбеди општина Центар, а од инспекторатот не одговараат дали ќе поднесат преставка против некој субјект. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука