Избор Култура

Ѓорѓо Димоски и Јакимоски промотори на книги на автори од Бугарија на Саемот на книгата

Скопје/Охрид, 13. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 16-ти април, во рамките на Саемот на книгата ќе се одржат промоции на две стихозбирки од нашите гости, автори од Бугарија – Владимир Левчев и Поли Муканова.

Книгите ќе ги промовираат двајца престижни охридски поети, Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски.

Промоцијата ќе се одржи во рамки на програмата на годинешниот Саем на книгата во Скопје, со почеток од 14:00 часот, во галеријата на Метрополис арена.

За стихозбирката „Љубов на плоштадот“ од Владимир Левчев, ќе говори поетот, а воедно и препејувач на ова дело, Славе Ѓорѓо Димоски.

За стихозбирката „Школките имаат два дела“ од Поли Муканова, ќе говори поетот, а воедно и препејувач на ова дело, Зоран Јакимоски.

Стихови ќе читаат авторите, а препевот на македонски ќе го интерпретираат Јован Цветкоски и Леа Новеска, членови на НАТГ Аматер. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука