Избор Охрид

Во петок во Охрид ќе се спроведе акција за прскање против комарци

Охрид, 13. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, ги известува граѓаните дека во петок ќе се спроведе акција за прскање против комарци.

Eкипата на Центар за јавно здравје Охрид во петок, 15-ти април, ќе спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци. Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид да ги заштитат пчелните гнезда.

Третирањето ќе биде од земја во период од 06 до 08 часот.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, додаваат од Центарот за јавно здравје Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави