Избор Охрид

Метео: Сончево време со умерена облачност и температура до 18. степени

Охрид, 28. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

– Во петок и в сабота ќе има извесно зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд наместа и со појава на грмежи. Од недела, односно за Велигденските и Првомајските празници подрачјето на Македонија се очекува да биде под влијание на влажни и нестабилни воздушни маси од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд наместа проследени со грмежи и со засилување на ветерот. Локално се очекуваат обилни врнежи, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука