Избор Охрид

Продолжуваат протестите во Охрид

Охрид, 6. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Од Граѓанската иницијатива „Протестирам“, на нивниот официјален профил на фејсбук, за денес повторно најавувија протест во Охрид.

– Македонија е повторно на нозе. ‪#Протестирам‬ во 12 града меѓу кои: Скопје, Ресен, Струмица, Гевгелија, Кочани, Штип, Куманово, Крива Паланка, Велес, Прилеп, Битола, Охрид!! Нашите барања се јасни и се’ додека не се исполнат нашата борба останува на улиците. Секој ден се’ побројни. Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин, порачуваат од „Протестирам“.

Вчера голем број охриѓани уште еднаш го изразија своето незадоволство од состојбите во државата и одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на одредени личности. Тие бараат негова оставка и итно повлекување на одлуката. Од „Протестирам“ остануваат на ставот дека нема услови за одржување фер и демократски избори на 5-ти јуни. Протестот започна во 18:00 часот на плоштадот „Крушевска република“, кај стариот Чинар, по што протестантите извикувајќи пароли „Нема правда, нема мир“ и со свирежи со свирчиња продолжија по охридската чаршија и кон Основниот суд во Охрид, по улицата „Македонски просветители“.

Паралелно со собирот на „Протестирам“ во Охрид, вчера протест пред зградата на Општина Охрид одржаа и од ГДОМ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави