Избор Охрид

Метео: Сончево време со умерена облачности и температура до 23. степени

Охрид, 11. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови.

Доцна попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 23. степени.

– Доцна попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а поизразена нестабилност ќе има во четврток попладне кога на повеќе места се очекува пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна и појава на невреме со град. В петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: Метео

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука