Скопје/Струга, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Уличното списание „Лице в лице“, кое се дистрибуира во Струга и Охрид, меѓу неколкуте избрани градови, во четврток ќе биде дел од кампањата за одбележување на Денот на ретките болести.
Списанието ќе го промовира својот нов број, а ќе има и изложба.
Ќе биде промовиран 14-тиот број на единственото улично списание во земјава. На истата тема е и изложба на фотогафии „Гушни ја реткоста!“ за која свој придонес дадоа популарни личности од јавниот живот кај нас и лица со ретки болести.
Новиот број на списанието по промоцијата ќе биде достапен за читателите од Струга. На настанот учество најавија и активисти од Струга, како и претставници на културниот и јавниот живот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26