Економија Избор Охрид

Тест возење во Охрид со Renault Megane

Охрид, 18. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на тест возењата, кои го организира Renault Македонија низ македонските градови, во недела, 22-ри мај, охриѓани ќе имаат можност да направат тест возење со новиот Renault Megane.

Настанот ќе се одржи на Градскиот плоштад во Охрид, во терминот од 12:00 до 18:00 часот. Тимот на Automotiv grup ги очекува охриѓани, кои сакаат да ги испробаат перформасите на новото Renault возило.

За возилото од тимот на Automotiv grup велат дека се одликува со соодветен размер и препознатлив светлосен потпис.

– Динамични и возбудливи линии кои се карактеристични за оние кои ќе се заљубат во новиот Megane на прв поглед. Неговиот размер ги нагласува внимателно изведените линии кои му даваат спортски, а воедно и елегантен изглед, додаваат од Automotiv grup. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави