Здравје Избор Охрид

Во Охрид ќе се одржи семинар „Дислексија – пристап, форми и методи”

Охрид, 22. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 28-ми мај во Охрид ќе се одржи семинар „Дислексија – пристап, форми и методи”.

Семинарот е наменет за сите родители, наставници, дефектолози, логопеди, педагози, психолози и за сите заинтересирани граѓани. Настанот ќе биде реализиран од страна на првото здружение за дислексија Ајнштајн каде што свое учество ќе земат стручни лица од областа на дислексијата. Предавање ќе имаат:

Проф. Д-р Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при Филозофски Факултет
– Бихејвиорални и емоционални проблеми на децата/адолесцентите со дислексија
– Емоционален развој на децата со дислексија
– Поддршка од родителите и наставниците на децата со дислексија

Славица Тасевска Николовска – лиценциран “фасилитејтор” по методот на Рон Дејвис
– Споделување искуство како родител на дете со дислексија, Презентација на Davis , метод при работа со лица со дислексија
– Форми на дислексија

Дамјан Николовски – Претседател на Здружението за дислексија АЈНШТАЈН
– Дислексијата како појава
– Споделување на лично искуство при справување со дислексија

Семинарот ќе се одржи во салата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави