Избор Македонија Охрид

Зошто се случуваат земјотресите?

Охрид, 22. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Земјотрес или потрес е природна појава, којашто е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на земјата.

Јачината на потресот зависи од повеќе фактори, како што се количината на ослободена енергија, длабочината на хипоцентарот, оддалеченоста од епицантарот и составот на земјината кора. Земјотресот се манифестира со потрес или дислокација на земјиното тло. Јачината на земјотресот се изразува со помош на Меркали-Канкани-Сибергова скала, попозната како Меркалиева скала, којашто има 12 степени и се темели врз разорноста и последиците од земјотресот. Постои и Рихтерова скала или скала на Рихтер, којашто има магнитут од 0 до 9 степени и се темели врз јачината (количината) на енергија што се ослободува при потресот.

Науката што се занимава со изучување на земјотреси се нарекува сеизмологија, но и покрај големиот напредок на технологијата и новите сознанија, и денес е многу тешко да се предвиди земјотресот и неговите последици. Направата со којашто се мери земјотресот се нарекува сеизмограф, а документот што останува се нарекува сеизмограм. Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси кои настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаите).

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата каде што настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 км длабочина), среден (од 70-300 км длабочина) и длабок (300-730 км длабочина).

Тектонските земјотреси се случуваат насекаде на земјата кадешто има доволно еластична испакната енергија за да се движи пукната пропаганда низ раседна линија со прекини. Страните на раседната линија се разминуваат едни со други без проблеми и асеизмично само ако нема неправилности или нерамнини по површината на раседната линија и го зголемуваат отпорот на триење. Повеќето површини со пукнатини имаат вакви нерамнини и тоа доведува до некоја форма на лизгање. Кога раседната линија ќе се затвори, продолженото движење помеѓу плочите доведува до зголемување на притисокот и на потенцијалната испакната енергија во обемот околу површината на раседната линија. Ова продолжува се додека притисокот не се зголеми доволно за да се пробие низ нерамнината, одеднаш дозволувајќи лизгање на затворениот дел на раседната линија, ослободувајќи ја потенцијалната енергија. Оваа енергија е ослободена како комбинација од еластични испакнати сеизмички бранови, загревање на раседната линија од триење ,и напукнување на карпата,оттаму предизвикувајќи земјотрес. Овој процес на постепено зголемување на притисокот и напорот испрекинат со повремен ненадеен земјотрес енаведена како еластичен-отскок. Се проценува дека само 10% или помалку од целосната енергија на земјотресот зрачи како сеизмичка енергија. Поголемиот дел од енергијата на земјотресот се користи за напојување на порастот на фрактурата од земјотресот или се претвора во генерирана топлина од триење. Оттаму, земјотресите ја намалуваат потенцијалната енергија на земјата и ја зголемуваат нејзината температура, иако овие промени се занемарливи во споредба со проводниот и конвективниот проток на топлина надвор од длабоката внатрешност на Земјата.

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Еден од најпознатите катастрофални земјотреси во пишаната историја се случил на 23-ти јануари 1556 година во провинцијата Шанкси, Кина, каде загинале повеќе од 830.000 луѓе. Поголемиот дел од населението во тој период живееле во места наречени „yaodongs“ – вештачки пештери во карпи, од кои повеќето биле срушени за време на катастрофата. Во 1976 година, земјотресот во Тангшан, со бројка на загинати лица која се проценува помеѓу 240.000 и 655.000, се верува дека е најголемиот земјотрес на 20-тиот век. Земјотресот од 22-ри мај 1960 година е најголемиот земјотрес што се измерил на сеизмограф, достигнувајќи јачина од 9.5°. Неговиот епицентар бил во близина на Кањете, Чиле. Ослободената енергија била приближно два пати поголема од следниот најмоќен земјотрес, големиот земјотрес во Аљаска, со епицентар во заливот на Аљаска.

Во 2010 година, силен земјотрес, со јачина од 8,8 степени, го погодил јужниот дел на Чиле (во близина на градот Консепсион) при што загинале над 500 луѓе, а биле уништени 220.000 објекти. Во септември 2015 година, силен земјотрес, со јачина од 8,3 степени според Рихтеровата скала, го погодил централниот регион на Чиле, во близината на Илјапел. Притоа загинале најмалку пет лица, но еден милион луѓе биле евакуирани. Според Геолошкиот топографски институт наСАД, центарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 25 километри, додека сеизмолозите од Чиле пресметале дека длабочината изнесувала 11 километри. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Гаревски: Можни се нови послаби земјотреси, но нема место за паника (Видео)

Земјотресите ги вознемирија охриѓани, не е причинета материјална штета

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука