Избор Струга

Села најави референдум за судбината на плажите

Струга, 27. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Струшкиот градоначалник Зијадин Села најави дека граѓаните на референдум ќе одлучуваат за судбината на плажите во градот.

Градскиот совет и мнозинството советници претходно ја изгласаа одлуката, точката која се однесуваше на крајбрежјето да биде повлечена од дневен ред.

Со неа се предвидува плажите да не се издаваат под концесија. Села вели дека она што им го ветил на стружани дека плажите ќе бидат исчистени од сите објекти,  ќе се реализира. Инаку општината поднесе и иницијатива до Уставен суд за преиспитување на измените на Законот за градежно земјиште во делот на плажите кои Парламентот ги донесе на крајот од минатата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави