Тешка кражба во Струга
Струга, 31. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 21:45 до 09:30 часот, помеѓу 29-ти и 30-ти овој месец, непознат сторител извршил тешка кражба во деловна канцеларија на ДООЕЛ „Г Компани“ во Струга, во сопственост на 43-годишниот Т.Г. од Струга.
Сторителот насилно ја отворил влезната врата, по што влегол во објектот и одзел метална каса во која имало 85.000 денари, 300 евра, 200 долари, 500 лева, две златни белезгии и еден пиштол, по што го напуштил местото на настанот.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Струга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |