Избор Охрид Празници

Во недела ќе се осветува новиот конак во манастирот „Превета Богородица“ во Заум

Охрид, 31. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во петок, на 3-ти јуни, во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод јубилејот 1.000 години од упокојувањето на „Св. Јован Владимир“.

На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во сабота, на 4-ти јуни, со почеток во 09:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. По завршувањето на литургијата ќе се одржи промоција на зборникот „Св. Јован Владимир“. На овој ден богослужба ќе има само во црквата „Св. Софија“ во Охрид (едноцрквие).

На 5-ти јуни, недела, во манастирот „Превета Богородица“ во месноста Заум, со почеток во 09:00 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалстува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит г. Тимотеј и Повардарскиот Митрополит г. Агатангел. По завршувањето на литургијата ќе се изврши осветување новоизградениот конак. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави