Традиционален пролетен семинар на Здружението на Физиотерапевти
Охрид, 3. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 10-ти до 12-ти јуни во Охрид ќе се одржи Традиционалниот пролетен семинар во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија.
Со цел да се подигне нивото на физиотерапевтите во Македонија со зголемување на бројот на методи и техники од областа на Физиотерапијата, оваа година ќе се одржи и работилница со префесионалец од САД, на тема “Длабока ткивна масажа – Connective tissue massage”. Работилницата ќе ја одржи Беате Кариере од САД. Воедно како дел од семинарот ќе се претстават и подржувачите на работата на Здружението.
Семинарот ќе се одржи во Хотел “МВР” Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |