Спорт

Ф1: Трката во Монца во календарот на ФИА до 2020 година

Париз, 3. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – По начелниот договор помеѓу Берни Еклстон и организаторите,одлучено е трката за Големата Награда на Италија да се вози на автодромот во Монца уште четири години, односно до 2020 година.

Поради големите финансиски проблеми и немањето на спонзори, се стравуваше дека оваа година ќе биде последна во календарот на Ф1.Патеката во Монца е една од најстарите на кои се вози трка од формула 1, а првата трка на оваа патека се одржала во 1950 година.

Покрај новиот договор, Монца од следната сезона ќе добие нов изглед и патеката ќе биде соодветно уредена. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука