Свет

Хрватите бараат подобро образование

Загреб, 3. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Десетици илјади на масовен собир во Загреб поддржаа реформи и му рекоа „доста“ на примитивизмот.

Повеќе од 40.000 луѓе во неколку хрватски градови, но и во странство, во средата вечерта излегоа на масовен протест во знак на поддршка на најавената реформа на наставната програма во земјата. Таканаречената курикуларна реформа претставува стратегија за унапредување на образованието, науката и технологијата во чија изработка се вклучени голем број експерти и работни групи. Цел на реформата е воспоставување координиран и ефикасен систем на образование преку сеопфатна содржина и структурни промени со цел да се обезбеди учениците да се стекнат со корисно и значајно образование, поголема вклученост на родителите во образовниот процес, а би го зголемила и гарантирала професионализмот на учителите, наставниците, без можност да бидат цел на разни притисоци.

На градските плоштади во Загреб се собраа реки луѓе, кои го кренаа својот глас против примитивизмот и мешањето на политиката во образованието. (Крај)

извор: Утрински фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука