Спорт

Започнува 45-то издание на Копа Америка

Орландо, 3. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во САД започнува 45-то фудбалското првенство на Јужна, Средна и Северна Америка кое ќе трае до 26 јуни.

На Копа Америка титулата ја брани репрезентацијата на Чиле, а учествуваат 10 репрезентации од Јужна Америка и 6 од Северна и Средна Америка.Градовите каде ќе се играат натпреварите се  Сиетл, Чикаго, Фоксборо, Ист Ратерфорд, Санта Клари, Филаделфија, Пасадена, Глендалу, Хјустон и Орландо.

А група – Америка, Колумбија, Костарика и Парагвај

Б група – Бразил, Хаити, Перу и Еквадор

Ц група – Мексико, Уругвај, Јамајка и Венецуела

Д група – Аргентина, Чиле, Панама и Боливија.

Најновото издание на Копа Америка ќе биде отворено со дуелот од групата А помеѓу домаќинот САД и Колумбија. Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави