Забава Избор Охрид

Даниел Јовески номиниран на „Ноќ на музичките клипови во Албанија 2016“

Охрид, 7. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Познатиот охридски музичар, режисер и фотограф Даниел Јовески е номиниран на „Ноќта на музичките клипови во Албанија 2016“, која утре ќе се одржи во Тирана.

– Заедно со Vullnet Ibraimi ја имам таа чест и оваа година да бидам номиниран за награда на фестивалот „Ноќ на музичките клипови во Албанија 2016“ за регионот на Албанија, Косово, Црна Гора и Република Македонија. Минатата година две награди, пред две години исто две :), а оваа година и со една би бил пресреќен бидејќи овој пазар има се поголема конкуренција, напиша Даниел на неговиот профил на Фејсбук.

На фестивалот „Netet e klipit 2015“, кој минатата се одржа во Улцин, Црна Гора, Јовески доби награда за најдобро режирано музичко видео. Музичката манифестација се пренесуваше во живо на неколку телевизиски канали во регионот, MTV2 во Република Македонија, TVSH во Албанија и RTK – Косово. Во 2014 година Јовески доби награда за најдобра режија на видео на музичка манифестација која се одржа во Косово, за видеото кое го направи за песна на албански артисти. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Joveski

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука