Култура

Фудбалско издание на „Импровокација“

Охрид, 8. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Утре, четврток, 9-ти јуни, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид ќе се прикажува нова сезона од театарската импровизација „Импровокација“.

За новата епизода актерите Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски и Никола Тодороски подготвија скечеви поврзани со фудбалот.

– Фудбалската треска не’ зафати и нас. И по тој повод специјално фудбалско издание обоено во боите на Европското Првенство. Нови игри, нова забава. Ве очекуваме, порачуваат актерите.

Билетите се продаваат освен во Центарот за култура и во музичката продавница „Зизи Топ“, по цена од 150 денари, а на денот на изведбата 200.

Почетокот на претставата е во 21 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука