Избор Охрид Хроника

30 дена притвор за лицето кое го нападна 7-годишното девојче во Охрид

Охрид, 8. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишниот Т.Т. од Скопје, со привремен престој во Охрид.

На шести овој месец, пријавениот извршил блудни дејствија врз седум годишна малолетничка од Охрид. Настанот се случил околу 12:30 часот во близина на казино на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Сега притворениот ја забележал малолетничката која се враќала од училиште и ја повикал кај себе по што започнал да ја допира.

По пријавувањето на настанот, СВР Охрид во консултација со јавниот обвинител ги презеде сите мерки за реализација на кривично-правниот настан. Во присуство на нејзината мајка, извршени се разговори со оштетената, разговори со сведоци како и со претставници на Центарот за социјални работи. Веднаш потоа СВР Охрид ги презеде сите мерки за идентификација на можниот сторител на грозоморниот чин.

На Т.Т: му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука