Избор Охрид

АПЕЛ: Семејството на исчезнатиот Алексиески утре ќе организира потрага по него

Охрид, 9. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Семејството на 48-годишниот Ристе Алексиески, кој веќе шести ден е исчезнат, утре, 10-ти јуни ќе организира потрага по него.

На Алексиески од трети овој месец му се губи секаква трага. Сите граѓани кои сакаат да помогнат да дојдат во селото Мешеишта во 07:30 часот. Повеќе информации можат да добијат на телефонот 077/738-691.

Веќе шести ден, семејството на Ристе Алексиески трага по него, откако заминал да бере печурки и не се вратил дома. Тие испраќаат замолница до сите граѓани, доколку имаат било каква информација да ги контактираат и на телефоните: 075/229-740, 072/768-562 и 076/777-390. Апелираат, доколку некој возач на камион или автобус го забележал на патот или можеби го пренесол кон Дебрца да се јави и да им даде информација.

48-годишниот Ристе Алексиески е висок околу 170 см, тежок околу 65 кг. Облечен во потемна облека (црни/тегет тренерки, темна маица/блуза) и темна капа на главата.  Излегол од дома околу 11:00-12:00 часот и се упатил на автопатот Охрид-Скопје, на потегот од селото Мешеишта кон Климештани. Последен пат е виден во 12:30 часот, помеѓу двете села по автопатот. (Крај)

извор: Охридпрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави