Избор Охрид

Викендов ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Охрид, 10. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид дека во сабота, недела и понеделник, екипите на Центарот ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 21:00 до 06:00 часот со апарат за ULV ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потек на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од Центарот.

За сите информации и прашања отворен е телефон за контакт во Центарот за јавно здравје во Охрид – 046/231-881 и 046/230-231. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави