Избор Хроника

Во два случаи, работници се повредиле на објекти во Охрид

Охрид, 10. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Медицинскиот центар во Охрид, вчера бил донесен 31-годишниот Ц.С. од струшкото село Дслајца со повреди на прстите на десната рака.

По даденото овластување од страна на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле разговор со Т.С. од селото Дрслајца, сопственик на фирмата каде што работел повредениот. Истиот изјавил дека настанот се случил околу 17:00 часот во објект на улицата „Димитар Влахов“.

Увидна екипа од СВР Охрид и Државен инспектор за заштита при работа излегле на лице место при што е утврдено дека Ц.С. ја повредил десната рака во пределот на прстите при чистење на машина за подлоги.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, во еткот на вчерашниот ден, околу 16:00 часот во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид бил донесен 56-годишниот Д.И. од кочанското село Зрновци, кој при вршење на градежни работи на објект во болницата паднал од скеле во висина од 1.80 метри, по што врз него паднала греда. Веднаш му била укажана лекарска помош во болницата каде доктор констатирал фрактура на неколку ребра од левата страна, контузија на глава и граден кош и фрактура на карлична коска.

Потоа како итен случај во критична состојба, со возило на Итна медицинска помо, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука