„Охридско лето“ номинирано за престижната награда The Princess of Asturias Awards
Охрид, 13. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадата на Кралството на Шпанија во Македонија, го номинираше фестивалот „Охридско лето“ за престижната награда The Princess of Asturias Awards.
– На листата на лауреати за оваа награда се многу значајни имиња, како Френсис Форд Копола, Леонард Коен, Рафаел Монео, Нуриа Есперт и други. Оваа номинација доаѓа по исклучителниот настан на „Охридско лето“, оперскиот спектакл, „Кармина Бурана“, кое се случи минатата година. Се надевам дека оваа номинација е дополнителен поттик за квалитетен растеж на фестивалот, најави министерската за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска.
Годинава на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе учествуваат вкупно 800 уметници, во музичкиот дел, драмскиот дел, изложбите, „Младо театарско Охридско лето“ и „Летната академија“.
Уметниците кои доаѓаат годинава во Охрид и Македонија, се од 18 земји од целиот свет, а за прв пат оваа година ќе има учесници од Монако. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |