Економија Избор Охрид

Стартува авио линијата Белград – Охрид

Охрид, 15. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – ТАВ Македонија и Ер Србија, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денес ќе организираат свеченост по повод воспоставувањето на директниот лет Белград-Охрид.

Воспоставувањето на оваа авиолинија од една страна ќе биде во интерес на развој на туризмот што би значело носење на туристи од Србија, но и од европските земји со кои белградскиот аеродром има конекции како и носење гости од Соединетите американски држави, ако се земе во предвид фактот дека веќе пет пати неделно сообраќа авио линија Њујорк – Белград. Од друга страна оваа авиолинија ќе биде значајна за нашите граѓани кои ќе ги користат поволните можности да патуваат од странските дестинации до дома и обратно преку белградскиот аеродром.

На пречекот на првиот авион од Белград кон Охрид, меѓу останатите гости, ќе се обратат и генералниот менаџер на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и Бранислав Маловиќ, главен извршен директор на Ер Србија за врски и односи со Владата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави