Забава

Во јули традиционален концерт на Четкар во „Тераса Аквариус“

Охрид, 16. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – И оваа година ќе се одржи традиционалниот концерт на Владимир Василевски Четкар во „Тераса Аквариус“.

Четкар на концертот на 17-ти јули, ќе настапи во придружба од петмина музичари.

Како и секоја година, со концертот ќе биде прославен роденденот на Тераса Аквариус, а годинава тоа е 25-годишен јубилеј.

Посетителите ќе ги слушнат познатите, но и нови композиции на Четкар, а ќе уживаат во во атмосферата, амбиентот и забавата.

Концертот ќе биде со почеток во 21:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука