Економија Избор Охрид

Распоред на летови на авиолинијата Охрид – Белград

Охрид, 16. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Првиот лет до Охрид вчера полета од Белград во 13:25 часот и слета на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во 14:25 часот.

Новиот лет ќе оперира во понеделник, среда и петок со воздухоплов од серијата ATR 72 – турбопропелер со 66 седишта, во почетокот во периодот јуни-септември.

Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле минатиот месец од страна на ACI Europe (Airports Council International – Europe) беше прогласен за втор најбрзорастечки мал аеродром во Европа во првиот квартал од 2016 година, со пораст на бројот на патници од 173,9%.

ТАВ Македонија ја заврши 2015 година со 22% пораст на вкупниот број на патници на двата македонски аеродроми – скопскиот „Александар Велики“ и охридскиот „Свети Апостол Павле“, достигнувајќи 1.560.381 патници. Истовремено, вкупниот број на операции порасна 11%, достигнувајќи 15.510.

Трендот на зголемен сообраќај продолжи и годинава. Во првите пет месеци од 2016 година преку двата македонски аеродроми биле превезени 648.745 патници, што е пораст од 28% споредено со истиот период во 2015 година. Во исто време, бројот на операции (полетувања и слетувања) на двата аеродроми е зголемен за 16%.

Распоред на летови до/од Охрид:

rasporedletovi

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави