Избор Охрид

Повлечена кривичната пријава за обид за убиство врз охридскиот новинар Денесовски

Охрид, 21. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – Јавното обвинителство во Охрид донело решение со кое ја отфрла кривичната пријава за обид за убиство против две лица од Охрид, кои минатата година го нападнаа новинарот, Сашо Денесовски.

Денесовски беше нападнат со метални шипки пред речиси една година во 02:30 часот во дворот на неговиот дом.

При нападот тој се здоби со тешки телесни повреди.

Сашо Денесовски е сопственик и уредник на порталот OhridSky. (Крај)

извор: standard.mk фото: standard.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави